Достапни линкови

Караџаферис бара референдум за името на Македонија


Грчкиот премиер Лукас Пападимос

Грчкиот премиер Лукас Пападимос

Лидерот на грчкиот екстремно десничарски Народен православен собир ЛАОС Јоргос Караџаферис се закани дека неговата партија ќе ја напушти новата грчка коалициска Влада на национално единство на премиерот Лукас Пападимос, доколку во спорот меѓу Атина и Скопје биде постигнат договор за име што ќе го содржи терминот Македонија. Тој во интервју за „Радио 9“ изјави дека планира да предложи одржување референдум за спорот за името на Македонија, на кој, како што рекол, грчкиот народ ќе може да се произнесе за ова национално прашање.
XS
SM
MD
LG