Достапни линкови

Нови визи за најблиските роднини на канадските државјани


Канадскиот министер за државјанство Џејсон Кени синоќа во Отава најави нови таканаречени супер визи за најблиските роднини на оние што имаат државјанство или постојан престој во Канада. Родителите, како и бабите и дедовците на доселениците во Канада побрзо ќе добиваат визи за подолг престој во таа земја, односно две години. За некој да ја добие таа виза мора да приложи писмен доказ дека децата, односно внуците финансиски ќе му помагаат за време на престојот, како и да го купи медицинското осигурување за најмалку една година.
XS
SM
MD
LG