Достапни линкови

Корупцијата „цвета“ под капата на државата


Најчест облик на корупција во пониските структури се пари на рака.

Најчест облик на корупција во пониските структури се пари на рака.

Врски или пријател што има пријател кој може да ви помогне ви е потребно за се, од попуст во продавница до медицинска услуга. За вадење документи по шалтери тоа се подразбира, велат граѓаните.

Ало Мамо другарка ми Ивана треба да извади документ од општина, може да и се јавиш на тетка Маре да видиш кога е снаа и на смена за да заврши побрзо работа?

Ама сине знаеш дека ќе треба да и се однесе нешто, не можам туку така да и се јавам!

Услуга, за услуга, од искуство гледам дека е така, на пример за вработување, јас ќе ти вработам твој, ти вработи ми мој, а за здраство најмногу врски ви требаат.

Вака од прилика одат работите во македонското општетство, ако ви треба нешто прво на кое што ќе се сетите е да повикате „пријател“.
Врски или пријател што има пријател кој може да ви помогне ви е потребно за се, од попуст во продавница до медицинска услуга, а за вадење документи по шалтери па не станува ни збор, велат граѓаните.
Слаѓана Тасева

Слаѓана Тасева


„Ќе му дадам пари, за да ми заврши работа или ќе му вработам некој, за да ми вработи некого, се е, цела Македонија е корупција.“

„За бели очи никој не ви прави услуга.“

„Услуга, за услуга, од искуство гледам дека е така, на пример за вработување, јас ќе ти вработам твој, ти вработи ми мој, а за здраство најмногу врски ви требаат.“

Проблемот е што државата многу се меша во економијата, проблемот што државата е најголемиот вработувач и тоа што државата е најголемиот набавувач.
Граѓаните тврдат дека корупцијата е распространета во целото општетвото од најниските до највисоките структури и претставува секојдневие. Во последниот извештај на меѓународната организација „Транспаренси Интернешнл“ Македонија бележи пат од 7 места на листата на држави според корупција во однос на минатата година, и сега се наоѓа на 69-тата позиција.

Истражување за перцепцијата за корупција прават меѓународните институции, но домашна институција одамна не направила детално и организирано истражување со кое ќе се измери реалната состојба со корупцијата и искуствата на граѓаните, вели Слаѓана Тасева од невладината организација Транспаренси. Најчести облици на корупција во пониските структури се пари на рака или компензација, односно услуга за услуга. Во повисоките структури таа функционира на поинаков начин, вели Тасева.

„Тука се во прашање и пари, но тие не се на рака. Тие се во некаков друг облик. Тука се во прашање и услуги и добра, но најмалку дирекно во пари на рака, бидејќи тука е најголемито ризик. Значи се внимава навидум тоа да изгледа многу легално, но ако малку се побара подлабоко, да се побараат одредени врски и контакти во позадина, но за жал кај нас уште никој не ги бара и не ги гледа.“

Најчуствителниот сектор е токму економијата затоа што државата е вмешана во сите пори на таа област, вели Тасева.

„Проблемот е што државата многу се меша во економијата, проблемот што државата е најголемиот вработувач и тоа што државата е најголемиот набавувач, но исто така и начинот на кој се користат институциите на системот за да се држи целото општество под одредена контрола. Значи синдромот на заробена држава.“
  • 16x9 Image

    Зорана Гаџовска Спасовска

    Новинарската кариера ја започна во А1 телевизија. Работела на теми од образование, социјални проблеми, здравство и екологија. Родена е на 30.09.1983 година во Скопје. Од јуни 2009-та година работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG