Достапни линкови

Рикер: прво решение за името, потоа членство во НАТО


Филип Рикер

Филип Рикер

Спорот околу името меѓу Македонија и Грција не е нешто што некој друг може да го реши во нивно име, изјави американскиот заменик помошник државен секретар Филип Рикер на средба со новинарите во Вашингтон за американската политика кон Балканот. ,,Аплаудиравме на напорите на сега веќе поранешниот премиер Папандреу и премиерот Груевски да се среќаваат и да дискутираат за прашањето, а секако продолжуваме да ги поддржуваме напорите на посредникот на ОН Метју Нимиц,, одговори американскиот дипломат на новинарско прашање дали САД планираат нов притисок пред Самитот на НАТО во наредната година во Чикаго. Запрашан за варијантата Македонија прво да влезе во Алијансата под референцата ПЈРМ, а потоа да се решава спорот околу името, Рикер потсети на условот на НАТО, прво решение за името, па потоа покана за членство. ,,За Меѓународниот суд на правдата, не би сакал да прејудицирам за одлуката. ,,Но, основната ситуација е иста: НАТО мошне јасно наведе и во бројни прилики повтори дека Македонија ќе добие покана да се приклучи по решавањето на прашањето со името. Ние ќе продолжиме да ги охрабруваме Македонија и Грција да соработуваат за да најдат решение што одговара на двете страни, а ние тоа ќе го прифатиме,, рече Рикер.
XS
SM
MD
LG