Достапни линкови

Европратениците со поддршка за Балканот


Пратениците во Европскиот парламент, надлежни за односите со Западен Балкан, ги повикаа членките на Европската унија да ги поддржат препораките на Европската комисија за приближување на земјите од регионот кон Унијата. Во изјавата која синоќа ја потпишаа специјалните известувачи на европарламентот са Македонија, Хрватска, Србија, БиХ и Црна Гора и други европартеници се наведува дека не би било мудро да биде замрзнат процесот на ширење на Унијата, бидејќи со тоа може да се загрози стабилноста во Југоисточна Европа. Пратениците бараат од Европската унија да испрати јасна порака до земјите на Западен Балкан. ,,Тоа значи отворање преговори за нино членство, давање статус на кандидат или отворање дијалог за визите,, се наведува во изјавата.
XS
SM
MD
LG