Достапни линкови

logo-print

Без договор меѓу Белград и Приштина


Борислав Стафновиќ, Роберт Купер, Едита Тахири

Борислав Стафновиќ, Роберт Купер, Едита Тахири

,,За жал, и по 12 часа тешки разговори, не успеавме да направиме договор за административните премини ниту за регионалното претставување на Приштина,, изјави шефот на српскиот преговарачки тим Борислав Стафновиќ по вчерашната рунда разговори со косовскиот преговарачки тим предводен од Едита Тахири. На преговорите, како што јави дописникот на Радио Слободна Европа од Брисел Рикард Јозвиак, кој се повикува на извори во Европската унија бил постигнат мал чекор напред во врска со управувањето на граничните премини, но не и доволен за конечен договор. Најавено е дека посредникот Роберт Купер за тоа денеска ќе ги извести амбасадорите на Унијата. Според некои очекувања, преговорите би можело да продолжат во текот на викендов со цел да се оствари напредок пред состанокот на шефовите на дипломатиите на ЕУ в понеделник кога веројатно ќе биде донесена и одлуката дали Србија ќе добие кандидатски статус.
XS
SM
MD
LG