Достапни линкови

Денеска ќе се објават резултатите од изборите во Египет


Денеска се очекува објавување на официјалните резултати од парламентарните избори во Египет. Се очекува дека партијата на Муслиманското братство, на која претходно и беше забрането да учествува во изборниот процес, ќе добие мнозинство гласови. Според извештаите, на одредени места се уште не завршило пребројувањето на гласовите. Новинската агенција “Асошиејтед Прес” јави дека партијата на Муслиманското братство би можела да добие 45 проценти од местата во парламентот во Египет.
XS
SM
MD
LG