Достапни линкови

САД го одбија барањето за извинување до Пакистан


Белата куќа во Вашингтон го одби предлогот да упати извинување до Пакистан за воздушниот напад на НАТО во кој загинаа 24 пакистански војници, поради тоа што се уште трае истрагата за случајот. Портпаролот на Белата куќа Џеј Карни рече дека администрацијата на претседателот изразила сочуство за трагично изгубените животи и додаде дека извинување до Пакистан би било избрзано, се додека не заврши истрагата на американската војска за инцидентот.
XS
SM
MD
LG