Достапни линкови

Блокирана номинацијата за амбасадор на САД во Русија


Извори на Радио Слободна Европа во американскиот Сенат потврдија дека сенатор од Републиканската партија ја блокира номинацијата за амбасадор на САД во Русија на американскиот претседател Барак Обама. Номинацијата на Мајкл МекФаул, кој му беше советник на Претседателот за Русија, беше потврдена од Комисијата за надворешни работи во Сенатот на 29 Ноември. Извор во институцијата, кој инсистира на анонимност, изјави дека републиканскиот сенатор Марк Кирк од сојузната држава Илиноис се спротиставил на номинацијата на МекФаул. Пратеникот од опозицијата е меѓу загрижените дека администрацијата на Обама планира споделување на доверливи информации за антиракетна одбрана со руските власти.
XS
SM
MD
LG