Достапни линкови

logo-print

Нови разговори меѓу Молдавија и Придњестровие во февруари


Молдавија и отцепениот регион Придњестровие, мапа.

Молдавија и отцепениот регион Придњестровие, мапа.

Молдавија и отцепениот регион Придњестровие се договорија да ги продолжат разговорите во февруари наредната година. Првите официјални разговори по прекинот од 2006 година за меѓусебниот дведецениски спор, почнаа завчера во главниот град на Литванија, Вилнус.

Литванија, како претседавач со ОБСЕ, посредува на разговорите. Средбата е во формат „5+2“, односно учествуваат Молдавија, Придњестровие, Русија, Украина и ОБСЕ, а Европската унија и САД се набљудувачи.

Литванскиот министер за надворешни работи Аудрониус Азубалис изјави дека разговорите течеле во конструктивна атмосфера.

Придњестровие, кое ја има поддршката од Москва, во 1990 година прогласи независност од Молдавија, каде што се зборува романски јазик. Во 1992 година двете земји влегоа во вооружен конфликт во кој загинаа стотици луѓе, а беше окончан по интервенцијата на руската армија што е стационирана во регионот.
XS
SM
MD
LG