Достапни линкови

Дневен печат


Писмото на Груевски до неговиот грчки колега, пресудата за Љубе Бошкоски и нарачувањето пратенички прашања се само дел до темите за кои неделава пишуваа медиумите во земјата.

Веќе вообичаено, според политичката наклонетост, и весниците така си ги третираат настаните во земјава и надвор од неа. Вечер е полн со текстови за кризата со еврото во државите на Унијата и за тоа дека е крај на приказната за заедничкиот европски дом. Од друга страна, на насловна страница весникот објавува дека македонската Влада за прв пат излегла со предлог пред Брисел: „Македонија и нуди на Грција рок за решавање на името!“, пренесен од првиот дипломат Попоски.
Дозволете ни да ги почнеме преговорите со Европската унија.
Дневник.

Дневник, како и другите медиуми, впрочем, под наслов: „Дозволете ни да ги почнеме преговорите со Европската унија“, јавува за писмото што Груевски му го испрати на својот грчки колега Пападимос. Овој предлог во емисијата Црн и бел бумбар на Сител Телевизија беше негативно пречекан и оценет со црни бумбари од страна на гледачите на таа телевизија.
Вулгарно, навредливо, а можеби и смислено, насловува Нова Македонија за палењето на македонското знаме.
Вулгарно, навредливо, а можеби и смислено, насловува Нова Македонија за палењето на македонското знаме.

Како „скандалозна правда“ ја оценува Утрински пресудата на Љубе Бошкоски за седум години затвор, за случај што од првиот ден го следат толку многу контроверзи и пропусти, нагласува весникот. Утрински, уште информира дека судијката Радица Василевска, што ја донесе пресудата „извисила“ од наградата да биде избрана за судија на Апелација.

„Вулгарно, навредливо, а можеби и смислено“, го оценува Нова Македонија палењето на македонското знаме што на видеоклип се појави на Јутјуб. А Утрински во колумна на главната и одговорна уредничка прашува кој го штити знамето како државен симбол и дека Владата треба итно да одговори на ова прашање зашто само така ќе ги признаеме за патриоти, вели.

Првата собраниска седница со пратенички прашања до старо-новата Влада предизвика бура реакции кај медиумите ненаклонети на актуелната власт: зумот на фоторепортерот на дневниот Фокус го улови подавањето ливче помеѓу премиерот Груевски и пратеникот Илија Димовски, што беше и објавено во весникот и во други медиуми.

„Две во едно“ ја насловува дневниот Фокус колумната во врска со оваа појава, а Утрински забележува дека наместените пратенички прашања за премиерот го уриваат достоинството на Парламентот.

Дневник лаконски насловува дека: „Безидејната опозиција создава арогантна, недоволно контролирана и силна власт“.

Сите медиуми, без исклучок, со критички тон информираа за ограничувањето на движењето на новинарите во Собранието, одлука, според претседателот Вељаноски, донесена наводно со договор меѓу пратеничките групи, а СДСМ реагираше дека писмена одлука за овој потег немало.
  • 16x9 Image

    Горица Попова

    Родена е во Кочани, дипломирала во 1976 год. на Филозофскиот факултет во Скопје. Како новинар работи над 30 години. Почнала во Македонско радио- Радио Скопје во 1978 год. Од јуни 2009 год. е соработник на Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG