Достапни линкови

Сирија се соочува со граѓанска војна, санкциите се заоструваат


Антивладини протести во Сирија.

Антивладини протести во Сирија.

Сирија се соочува со граѓанска војна откако почна да се зголемува бројот на војници што дезертираат со оружјето и и се спротивставуваат на владата, изјави високиот комесар за човекови права на ОН Нави Пилај на прес-конференција во Женева. Таа рече дека во насилствата во Сирија загинале повеќе од четири илјади луѓе.

Во меѓувреме, министрите за надворешни работи на ЕУ соопштија дека ги заоструваат санкциите кон енергетскиот и финансискиот сектор на Сирија.

Во соопштението се наведува дека цел на санкциите се „енергетскиот, финансискиот, банкарскиот и трговскиот сектор, а се прави и список на луѓе што се вклучени во насилствата или директно го поддржуваат режимот“ на претседателот Башар ал-Асад.
XS
SM
MD
LG