Достапни линкови

logo-print

И по Змиско око - Калдрма


Илустрација: Полиција.

Илустрација: Полиција.

Со акцијата Калдрма, продолжение на Змиско око, МВР уапси над 80 вработени на патарини. Притворените се сомничат дека проневериле над 2 милиони евра со лажни фискални сметки.

Во текот на минатата и оваа година МВР во криминалистичка истрага која е продолежение на Змиско око повторно дошло до сознанија за вршење на кримнални активности на инкасанти на наплатните станици. Откриени и приведени се 87 лица од криминална група од 92, под сомнеж дека злоупотребиле 120 милиони и 16 илјади денари.
Пронајдени се доста матријални докази кои укажуваат на тоа дека групата е организирана, дека работи по претходен договор и дека настапува се со цел да прибави за себе и за членовите на групата, противправно имотна корист.

На прес-конференција во МВР, министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска рече дека осомничени како организатори на криминалот биле раководител и неговиот заменик во одделението за наплата на „Македонија пат“. Тие изготвувале месечни распореди на фреквентните наплатни станици на автопатот Табановце-Гевгелија каде распоредувале инкасанти членови на оваа група. Јанкулоска рече дека од обезбедените докази, освен фалсификувани фискални сметки, биле пронајдени и други докази.

„Кај дел од лицата при претресите пронајдени се бланко котури од оригинална хартија, кои биле наменти за печатење на фалсификувани фискални сметки, Гордана Јанкулоска

Гордана Јанкулоска

пронајдени се компјутери каде што има посебна програма за печатење фискални сметки за наплатните станици. Се на се, пронајдени се доста матријални докази кои укажуваат на тоа дека групата е организирана, дека работи по претходен договор и дека настапува се со цел да прибави за себе и за членовите на групата, противправно имотна корист.“
Утврдени се смените на кои се појавува минусна разлика помеѓу бројот на издадени фискални сметки и бројот на поминати возила на наплатните станици.

Недостатокот на пари во годишниот извештај бил забележан според автоматските бројачи за возила на патарините, откако се појавила минусна разлика. На инкасаторите им било плаќано и фиксно од 100 до 500 евра месечно. Тројца од членовите на криминалната група, од кои еден бил отпуштен поради издавање фалсификувани фискални сметки, користеле бланко котури за фискални сметки со оригинална хартија.

„Со компаративна метода утврдени се смените на кои се појавува минусна разлика помеѓу бројот на издадени фискални сметки и бројот на поминати возила на наплатните станици“, рече Јанкулоска.

Полицијата извршила девет претреси кај вработени на патарините и во шест службени простории на „Македонија пат“ меѓу кои кај Миладиновци, Отовица, Стоби, Сопот и Петровец. Сите приведени под силно полициско обезбедување се однесени во Кривичниот суд во Скопје, а на дел од нив веќе им е утврдена и мерка притвор.

Во 2007-та година седумдесетина инкасанти беа приведени во акцијата Змиско око. Обвинението ги товареше вработените дека направиле злосторничко здружување и дека проневериле милионски суми. Но судот пресуди дека нема докази за органзииран криминал. Затворска казна имаше за вкупно 12 контролори.
  • 16x9 Image

    Мирјана Спасовска

    Родена е во Скопје 1971 година. Од 1996 та година работи во телевизиската кука А1. Од 1998 та година е во телевизијата Телма каде за централно информативната емисија известува за дневни социјално - општествени теми.  Во Радио Слободна Европа е од 2002 та година.  

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG