Достапни линкови

Кремиран Анте Марковиќ, последниот премиер на СФРЈ


Церемонијата на оддавање последна почит на последниот премиер на некогашна СФРЈ, Анте Марковиќ се одржа денеска во Загреб, пред кремирањето на неговото тело.

На церемонијата присуствуцваа голем број роднини, пријатели и почитувачи на Марковиќ, меѓу кои и поранешниот хрватски претседател Стипе Месиќ, претседателот на Република Српска Милорад Додик, последниот шеф на југoсловенската дипломатија Будимир Лончар, режисерот Лордан Зафрановиќ и публицистот Предраг Матвејевиќ.

Анте Марковиќ почина на 28 ноември на 87-годишна возраст.
XS
SM
MD
LG