Достапни линкови

Градежни фирми времено ќе останат без лиценци


На неколку компании од градежниот сектор времено ќе им бидат одземени лиценците за работа, изјави министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески по средбата со претставници од Градежната комора при Сојузот на стопански комори на Македонија.

„Има предлози за времено одземање на лиценците на фирми кои немаат определен број вработени. Тие вработиле доволен број лица кога ги добиле дозволите, а потоа контролата утврдила дека повеќе не работат во нивните компании со што не исполнуваат еден од условите и времено ќе им бидат одземени лиценците“, рече Јанакиески.
XS
SM
MD
LG