Достапни линкови

18 загинати во терористички напади во Ирак


Американски маринци во Ирак.

Американски маринци во Ирак.

Ирачките власти соопштуваат дека 18 луѓе биле убиени во напади во провинцијата Дијала во западен Ирак. Десетмина луѓе загинале во експлозија на автомобил бомба во шиитскиот град Калис. Вооружени напаѓачи во сунитскиот град Буриз, на 30 километри од Калис, убиле осум луѓе. Во меѓувреме, американскиот потпретседател Џо Бајден е во посета на Багдад. Американската армија треба да го напушти Ирак до крајот на годинава.
XS
SM
MD
LG