Достапни линкови

Нови санкции од ЕУ за Иран


Наоѓалиште за нафта на островот Карг во Иран.

Наоѓалиште за нафта на островот Карг во Иран.

Министрите за надворешни работи на ЕУ на денешниот состанок во Брисел се договориле да воведат санкции за дополнителни 180 луѓе и фирми од Иран, поради одбивањето на Техеран да се усогласи со меѓународните барања за прекин на нуклеарната програма.

Неименувани дипломатски извори за западните новински агенции изјавиле дека министрите исто така се согласиле да работат на дополнителни казнени мерки што би можеле да влијаат врз иранскиот сектор за нафта и гас што се од витално значење за државата.

Во меѓувреме, германскиот весник Билд објави дека германското обвинителство ги истражува информациите дека Иран планирал напад врз американска воена база во земјата. За заговорот е осомничен еден германски бизнисмен, кој наводно бил ирански шпион и се среќавал со ирански дипломати во земјата. Според информациите, Иран би ја нападнал американската база, само доколку биде нападнат од западните сили.
XS
SM
MD
LG