Достапни линкови

Мајката на Белорусин осуден на смрт го моли Лукашенко за помилување


Осудените Владислав Коваљов и Дмитри Конавалов.

Осудените Владислав Коваљов и Дмитри Конавалов.

Мајката на еден од двајцата Белоруси осудени на смрт за бомбашкиот напад во метрото во Минск апелира до претседателот Александар Лукашенко да го поштеди животот на нејзиниот син. Врховниот суд вчера ги осуди 25-годишните Дмитри Конавалов и Владислав Коваљов на смрт за поставување на бомбата во метрото на 11 април, при што загинаа 15 луѓе, а повеќе од 200 беа повредени. Мајката на Каваљов денеска и официјално поднесе барање за помилување до кабинетот на Лукашенко и побара дозвола да го посети синот во затвор. Белорусија е единствената држава во Европа каде што се извршува смртна казна.
XS
SM
MD
LG