Достапни линкови

Лустрацијата на новинарите, свештениците и политичарите


Томе Аџиев - Претседател на Комисијата за Лустрација

Томе Аџиев - Претседател на Комисијата за Лустрација

Од денеска почнува лустрацијата на новинарите, свештениците, партиските функционери и вработените во невладиниот сектор.
Согласно Законот за определување дополнителен услов за вршење јавна функција, тие до Комисијата за верификација на фактите треба да поднесат писмена изјавa, заверена на нотар, дека не биле соработници на тајните служби.
Обврска за поднесување изјава до Комисијата имаат основачи и вработени новинари, уредници во трговско радиодифузно друштво и непрофитна радиодифузна установа кои имаат дозвола за вршење радиодифузна дејност, како и основачи и вработени во друштвата од областа на печатот.
Изјави дека не биле соработници на тајните служби треба да достават и вршителите на функции и овластувања во организации и служби од јавен карактер, членови на органи и вработени во стручните служби на здруженија на граѓани и фондации, кандидати за носители или носители на партиски функции, членови на органи и вработени во стручните служби на политичките партии, кандидати за носители или носители на раководни функции, членови на органи и вработени во стручните служби на верските заедници и други организации регистрирани согласно закон.
Заверените нотарски изјави треба да се поднесат до Комисјата за лустрација најдоцна до 31 јануари наредната година.
XS
SM
MD
LG