Достапни линкови

Грција: 24 часовен штрајк во државниот и локалниот сектор


Премиерот на Грција Лукас Пападемос

Премиерот на Грција Лукас Пападемос

Во Грција денеска се одржува 24-часовен штрајк на повик на синдикатите во приватниот и државниот сектор.
Штрајкот е во знак на протест поради економските мерки и намалувањето на социјалните расходи.
Во протестите ќе земат учество вработените во државниот сектор и локалната самоуправа, вработените во судството, вработените во банките, во бродскиот транспорт и телекомот ОТЕ. Се очекува да биде откажан железничкиот транспорт.
XS
SM
MD
LG