Достапни линкови

Раст на акциите поради заедничкиот потег на централните банки


Американскиот Дау Џонс индустриски просек на водечките акции се зголеми за речиси 500 поени, што претставува најголем раст од март 2009 година и седмиот најголем раст на индексот воопшто, кој се должи на заедничкиот потег на светските централни банки да ги намалат трошоците при позајмувањето на долари од страна на европските банки.
Вредноста на еврото и акциите на европскиот пазар се зголемени поради таквиот потег на банките, кој според аналитичарите е сличен на оној што беше преземен за време на финансиската криза во 2008 година со цел да се стабилизира пазарот.
XS
SM
MD
LG