Достапни линкови

Франција и Германија ги повикаа „на консултации“ амбасадорите од Иран


Ирански демонстранти вчера упаднаа во британската амбасада во Техеран.

Ирански демонстранти вчера упаднаа во британската амбасада во Техеран.

Германија и Франција ги повикаа „на консултации“ нивните амбасадори во Техеран, откако британскиот министер за надворешни работи Вилијам Хејг соопшти дека Лондон нареди затворање на иранската амбасада и им даде рок од 48 часа на сите ирански претставници да ја напуштат земјата. Тој соопшти дека Британија ја затвора амбасадата во Техеран. Норвешка, пак, соопшти дека привремено ја затворила амбасадата во Техеран „од безбедносни причини“.

До ваков расплет доаѓа откако ирански демонстранти вчера упаднаа во британската амбасада и во уште едно британско дипломатско претставништво во Техеран.
XS
SM
MD
LG