Достапни линкови

Тензии во село Лажец


Протести на Македонците од село Лажец

Протести на Македонците од село Лажец

Најавите за поставување камен темелник на џамија од влезот на Лажец повторно ја зовреа атмосферата во ова битолско село каде живее македонско и албанското население.

Местото каде ќе се гради џамијата е државно, а деновиве е добиена согласност за негова пренамена од земјоделско во градежно. По ова, Македонците излегоа на протести и со трактори го блокираа патот до парцелата. Не се против изградба на џамија, но таа да биде надвор од селото, како што е црквата.
Градоначалникот да дојди во Лажец да ги собери Македонците и Албанците, да најде заеднички збор за да се изгради тоа што треба да се гради. Кај што се наоѓа нашата црква таму да биде и нивната џамија.

„Беше најавено дека ќе доаѓаат и ќе поставуваат камен темелник, за тоа се собравме и нема да дозволиме. Црква имаме на еден километар под селото, бараме рамноправност, еден километар настрана од селото на која страна сакаат нека градат. И на премиерот му реков, на сите села црквите им се сред село, па не сакаме кога ќе влезе човек да види само џамија на влезот, на децата пред куќа, а никаде нема црква“, вели Ѓорги Дандушевски.

„Ова да го решат институциите, а не ние. Градоначалникот да дојди во Лажец да ги собери Македонците и Албанците, да најде заеднички збор за да се изгради тоа што треба да се гради. Кај што се наоѓа нашата црква таму да биде и нивната џамија. Кога ние можеме да се тргниме од селото, можат и тие“, вели Јоне Грашов.
Нивно право е да кажат, ние сме тука да ги поткрепиме духовно и да ги поддржиме доколку навистина божјото право е на нивна страна .

На протестите денес имаше присуство на полиција и свештени лица.

„Нивно право е да кажат, ние сме тука да ги поткрепиме духовно и да ги поддржиме доколку навистина божјото право е на нивна страна и истовремено да ги смириме евентуалните предрасуди и тензии“,изјави отец Оливер, архиерејски намесник во Преспанско-пелагониската епархија.

Битолскиот муфтија Плуми Велиу вели дека и муслиманските верници не се сложуваат со таа локација, но заради мир во селото ја прифатиле. Камен темелник, вели дека ќе постават кога Груевски или друг претставник од власта ќе присуствува зашто локацијата била решение предложено од актуелната власт. Инаку проблемите во Лажец настанаа пред седум години кога беше издадена градежна дозвола џамијата да биде на сред село, на место каде Македонците тврдеа дека во минатото имало црква.
  • 16x9 Image

    Жанета Здравковска

    Родена во Битола на 15.01.1977 година. Дипломирала на Педагошкиот факултет во Битола во 1999 година, а магистерски студии завршила на постдипломските студии по менаџмент на човечки ресурси на Институтот за социолошки и политичко- правни истражувања во Скопје. Работела како новинар во повеќе локални редакции во Битола, а за Радио Слободна Европа известува од 2002 година. 

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG