Достапни линкови

Бајден - Нова фаза од стратешките односи меѓу САД и Ирак


Заменик претседателот на САД Џо Бајден и ирачкиот премиер Нури ал-Малиќи на прес-конференција во Багдад.

Заменик претседателот на САД Џо Бајден и ирачкиот премиер Нури ал-Малиќи на прес-конференција во Багдад.

Заменик претседателот на САД Џо Бајден изјави дека неговата земја и Ирак влегуваат во „нова фаза од стратешките односи“. Тој денеска се сретна со ирачкиот премиер Нури ал-Малиќи откако вчера ненајавено пристигна во Багдад. Бајден се сретна и со претседателот Џалал Талабани и со претседателот на Собранието Осама ал-Наџафи. Багдад и Вашингтон претходно не успеаја да се договорат американски војници да останат во земјата и по крајот на годинава за кога е најавено повлекувањето.
XS
SM
MD
LG