Достапни линкови

Повеќе од 250 уапсени во рации против „Окупирај го Вол Стрит“


Полицајци од Лос Анџелес во автобус чекаат на почеток на акцијата за растерување на демонстрантите.

Полицајци од Лос Анџелес во автобус чекаат на почеток на акцијата за растерување на демонстрантите.

Повеќе од 1.000 полицајци ги растераа демонстрантите од движењето „Окупирај го Вол Стрит“ од паркот околу Градското собрание во Лос Анџелес. Повеќе од 200 демонстранти што не сакале да го напуштат паркот се уапсени. Во слична акција во Филаделфија се уапсени околу 50 луѓе. Властите велат дека местата на кои се собираат демонстрантите станале опасни по здравјето и оти ги попречуваат локалните бизниси. Демонстрантите од движењето „Окупирај го Вол Стрит“ протестираат против финансиската нееднаквост.
XS
SM
MD
LG