Достапни линкови

logo-print

Собраниска делегација во посета на Брисел


Делегација на Комисијата за европски прашања на македонското Собрание составена од пратениците Хајрула Мисини, Илија Димовски и Гордан Георгиев е во дводневна посета на Брисел.

Делегацијата вчера и денеска се сретнаа со европратениците Едуард Кукан, Ричард Ховит, Норика Николаи, Јорго Шацимаркакис и со Кристијан Вигенин.

Македонските пратеници биле информирани дека известителот за Република Македонија од Европскиот парламент, британскиот европратеник Ричард Ховит, ќе ја поднесе првичната верзија на Резолуцијата на 20 декември.
XS
SM
MD
LG