Достапни линкови

logo-print

Почнаа разговорите меѓу Молдавија и Придњестровие


Придњестровие, мапа.

Придњестровие, мапа.

Молдавија и отцепениот регион Придњестровие ги почнаа првите официјални разговори по прекинот од 2006 година за меѓусебниот дведецениски спор, во главниот град на Литванија, Вилнус. Литванија, како претседавач со ОБСЕ, посредува на разговорите. Средбата е во формат „5+2“, односно учествуваат Молдавија, Придњестровие, Русија, Украина и ОБСЕ, а Европската унија и САД се набљудувачи.

Поранешниот американски дипломат Филип Ремлер, кој е шеф на мисијата на ОБСЕ во Молдавија, изјави дека не треба да се очекуваат чуда од дводневната средба во Вилнус.

Придњестровие, кое ја има поддршката од Москва, во 1990 година прогласи независност од Молдавија, каде што се зборува романски јазик. Во 1992 година двете земји влегоа во вооружен конфликт во кој загинаа стотици луѓе, а беше окончан по интервенцијата на руската армија што е стационирана во регионот.
XS
SM
MD
LG