Достапни линкови

Кас Грање: Македонија не е функционална пазарна економија


Директорката на Директоратот за проширување на ЕУ за Македонија, Александра Кас Грање.

Директорката на Директоратот за проширување на ЕУ за Македонија, Александра Кас Грање.

На Македонија и остануваат уште многу предизвици особено на политички и економски план, иако во последните 10 години постигна многу од аспект на реформите, порачаа високите европски претставници на денешната конференција „Подобрување на економскиот потенцијал, идентификување на идните извори на раст“.

„Земјата се уште не го исполнува критериумот на функционална пазарна економија што ќе може да се носи со конкурентниот притисок и пазарните сили во ЕУ. И по 20 години стапката на невработеност е висока, сивата економија учествува со речиси 20 отсто во БДП, недоволно развиен е финансискиот сектор, странските директни инвестиции се на ниско ниво без јасни знаци на нивно постојано зголемување, нема совпаѓање на образованието со барањето на пазарот на труд“, рече Александра Кас Грање од Директоратот за проширување на ЕК.

Сепак, таа рече дека макроекономската политика се води мудро, а фискалната е ориентирана кон стабилност.

Вицепремиерот за економски прашања Владимир Пешевски изјави дека владате е убедена дека Македонија во брзо време целосно ќе ги исполни економските критериуми и дека ќе има забрзан економски раст. Тој го искористи учеството на конференцијата за да упати апел до Европскиот совет на својот следен состанок во Брисел да го отвори патот кон заокружување на македонскиот интеграциски процес и да донесе одлука за премин на земјава во втората фаза од Спогодбата за стабилизација и асоцијација.
XS
SM
MD
LG