Достапни линкови

Велика Британија ги замрзна дипломатските односи со Иран


Ирански демонстранти вчера упаднаа во комплексот на британската амбасада во Техеран.

Велика Британија нареди затворање на иранската амбасада и им даде рок од 48 часа на сите ирански претставници да ја напуштат земјата, а Лондон ја затвора амбасадата во Техеран, соопшти британскиот министер за надворешни работи Вилијам Хејг.

Претходно Британија соопшти дека повлекува дел од дипломатскиот персонал од Иран, откако ирански демонстранти вчера упаднаа во нивната амбасада и во уште едно британско дипломатско претставништво во Техеран.

И Норвешка привремено ја затвори амбасадата во Техеран од безбедносни причини.
XS
SM
MD
LG