Достапни линкови

logo-print

Голем штрајк против пензиските реформи во Британија


Штрајкувачки автобус во Лондон.

Штрајкувачки автобус во Лондон.

Околу два милиони вработени во британскиот јавен сектор денеска стапија во 24-часовен штрајк во знак на протест против владините планови за реформа на пензискиот систем. Ова, според синдикатите, е најголем штрајк во Велика Британија во последните три децении, биле отворени само 10 отсто од училиштата, болниците ги примаат само итните случаи, а локалните власти се парализирани.

Синдикатите се противат на пензиските реформи според кои работниците ќе плаќаат повеќе пари за пензиско осигурување и ќе работат подолго да остварат право на пензија.

Владата вели дека реформите се неопходни зашто се зголемува животниот век на луѓето и дека владата не може да си дозволи да плаќа толку многу за пензиите од јавниот сектор. Премиерот Дејвид Камерон го осуди штрајкот, го оцени како „неодговорен“ и ги повика синдикатите да ги продолжат преговирите.
XS
SM
MD
LG