Достапни линкови

logo-print

Убиен напаѓачот во Истанбул


Полицајци влегуваат во дворецот Топкапи во Истанбул.

Полицајци влегуваат во дворецот Топкапи во Истанбул.

Турските сили за безбедност го убија напаѓачот кој претходно рани три лица во дворецот Топкапи во Истанбул, објави Си-Ен-Ен Турк.

Напаѓачот почна да пука по случајни минувачи, а по доаѓањето на полициските сили разменуваше оган и со полицајците речиси еден час. Според очевидец, напаѓачот бил вооружен со пушка и извикувал „Алах е голем и други работи на арапски јазик“. Тој бил облечен во фармерки и кожна јакна и имал брада.

Tурскиот министер за внатрешни работи Идриз Наим Шахин изјави дека напаѓачот бил 36-годишен Либиец кој влегол во Турција во неделата.

При истрелите се повредени еден војник, чувар на паркинг и турист, кои се пренесени во болница, но засега нема информации за сериозноста на нивните повреди.
XS
SM
MD
LG