Достапни линкови

logo-print

Хрватска, следната Грција


Хрватска ќе стане членка на Европската унија, но со тоа нема да бидат надминати големите економски проблеми на земјата, се вели во коментарот во Вашингтон Тајмс.

Хрватска е на работ на национално предавање. Ова мала балканска земја е подготвена да го следи катастрофалниот пат на Грција, пишува во коментарот објавен во Вашингтон Тајмс, во кој се додава:
Приватизацијата одеше преку сиви канали со олигарси кои беа поврзани со ХДЗ. Корупцијата е неконтролирана. Режимот ги вознемирува независните новинари и критичарите во медиумите. Судиите често стануваат плен на политичарите. Владеењето на правото скоро и да не постои.

„На 4 декември, Хрватите ќе одржат парламентарни избори, на кои владејачката Хрватска демократска заедница или ХДЗ се очекува да загуби, и тоа со право.“

ХДЗ е заглавена во корупциски скандали. Нејзиниот поранешен лидер Иво Санадер е во затвор, чекајќи судење за проневера на милиони долари. Хрватската премиерка Јадранка Косор безуспешно се обидува да го поправи нарушениот имиџ на оваа партија. Со години, загрепската владејачка класа го ограбува стопанството, оценува Вашингтон Тајмс, додавајќи:

„Приватизацијата одеше преку сиви канали со олигарси кои беа поврзани со ХДЗ. Корупцијата е неконтролирана. Режимот ги вознемирува независните новинари и критичарите во медиумите. Судиите често стануваат плен на политичарите. Владеењето на правото скоро и да не постои. Имотните права се нарушуваат. Над милион судски случаи остануваат блокирани, што е огромен број за земја која има 4 милиони жители.“

Резултатите се уништувачки. Невработеноста достигна 20 насто, а кај младите таа изнесува скоро 40 проценти. Растот е анемичен, но најдеструктивното владеење на ХДЗ е несовесното задолжување и трошење. Националниот долг незадржливо расте и е еден од највисоките во Европа. Од друга страна, владата на премиерката Косор одби да го стори она што и е побарано: да ги намали јавните трошоци и да ги скрати даноците, особено на странските корпорации што доведе до економска склероза. Земјата е оседлана со толкав долг што и Централната банка предупреди од можен банкрот и финансиски колапс на Хрватска.

Дали влезот во ЕУ ќе ги реши проблемите?

Иднината на земјата е помрачна ако се има предвид фактот дека најголем извозен артикал се луѓето, односно одливот на наједуцираните и најспособни Хрвати. ХДЗ жртвуваше се за приклучување во Европската унија која се согласи да ја прифати Хрватска како своја најнова членка. Според официјален Загреб, влезот во ЕУ е волшебното решение за сите проблеми. Но, нема да е така. Сегашниот договор навлегува во хрватскиот национален суверенитет и економска независност, односно ја претвора земјата во политички вазал. Договорот е лош и за Европа и за Америка.

Брисел добива уште една Грција, односно задолжена балканска земја која постојано ќе бара спасувачки пакети. Досега европските и американските даночни обврзници дадоа повеќе од милијарда долари странска помош за Хрватска. Но, парите не отидоа на мерки за реформи, туку беа злоупотребени.

На изборите се очекува да победи опозициската левичарска коалиција создадена од поранешните комунисти и социјалдемократи, ама и таа ветува дека ќе остане на истиот европски пат. Затоа многумина сметаат дека освен партиските етикети и олигарси другото нема да биде променето, се наведува, меѓу другото, во коментарот објавен во Вашингтон Тајмс.
  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG