Достапни линкови

logo-print

Клинтон: САД и Пакистан имаат интерес Авганистан да биде стабилен


Американскиот државен секретар Хилари Клинтон изјави дека Соединетите Држави се разочарани од одлуката на Пакистан да не учествува на меѓународната конференција за иднината на Авганистан, што ќе се одржи во наредната недела во Бон, Германија. Пакистан реши да ја бојкотира конференцијата поради инцидентот со НАТО нападот кога загинаа 24-ца пакистански војници. Клинтон, која денеска е во посета на Јужна Кореја, оцени дека Соединетите Држави и Пакистан имаат заеднички интерес Авганистан да биде стабилен и безбеден.
XS
SM
MD
LG