Достапни линкови

Одобрени 8 милијарди евра помош за Грција


Министрите за финансии на еврозоната синоќа одобрија исплата на шестата рата од помошта за Грција во висина од 8 милијарди евра, без која оваа земја ќе отидеше во стечај по средината на декември. Станува збор за дел од пакетот помош одобрен во мај минатата година, чиј вкупен износ е 110 милијарди евра, од кои 80 доаѓаат од членките на еврозоната, а 30 од ММФ. Предуслов за исплата на шестата рата беше сите политички партии во Грција писмено да се обврзат дека ќе ги почитуваат обврските што ги презеде грчката влада во својата програма за штедење заради намалување на буџетскиот дефицит.
Министрите постигнаа договор и за давање поголема улога на Европскиот фонд за финансиска стабилност, чија задача ќе биде да им помогне на најзагрозените држави и да се намали притисокот врз европската валута.
XS
SM
MD
LG