Достапни линкови

Камерон: сериозни последици по нападот врз амбасадата во Техеран


Британскиот премиер Дејвид Камерон предупреди на сериозни последици по нападите врз британската амбасада и уште еден дипломатски објект во Техеран од страна на екстремни демонстранти. Тој го осуди неуспехот на иранските власти да ги заштитат британските објекти во Техеран, додавајќи оти неговата влада во наредните неколку дена ќе разгледа какви мерки да преземе. Британски официјални лица соопштија дека персоналот во двата објекта во Техеран е безбеден, откако демонстранти вчера влегоа во зградите, ги ограбија канцелариите, го запалија британското знаме и го истакнаа иранското.
И Советот за безбедност на ОН најостро го осуди упадот на иранските демонстранти во британската амбасада и го предупреди Иран дека мора да го заштити дипломатскиот персонал во таа земја.
XS
SM
MD
LG