Достапни линкови

Осма рунда разговори Белград-Приштина


Денеска во Брисел треба да започне осмата рунда разговори меѓу делегации на Србија и на Косово, а на дневниот ред се очекува да бидат ситуацијата на северот на Косово и регионалното претставување на Приштина. Шефот на српскиот преговарачки тим Борислав Стефановиќ изјави дека оваа рунда нема да биде одложена и покрај судирите меѓу КФОР и Србите во косовското село Јагњеница, додавајќи оти одлагање на разговорите само ќе им наштети на српските интереси. По претходната рунда пред една недела, Стефановиќ изјави дека Белград е подготвен за решавање на проблемот со премините на северот на Косово, но оти нема да дозволи тие да станат гранични премини, на што инсистира Приштина.
XS
SM
MD
LG