Достапни линкови

logo-print

Конференција за европската интеграција на Западен Балкан


Еврокомесарот Штефан Филе е еден од учесниците на конференцијата во Брисел

Еврокомесарот Штефан Филе е еден од учесниците на конференцијата во Брисел

Претставници на земјите од Западен Балкан и од ЕУ, како и експерти, денеска во Брисел ќе учествуваат на годишната конференција посветена на европската интеграција на земјите од регионот. На собирот, кој секоја година го организираат здружението „Пријатели на Европа“ и фондацијата Конрад Аденауер, се очекува да говорат и еврокомесарот за проширување Штефан Филе, главниот директор на Директоратот на Европската комисија за проширување Стефано Санино, главниот хашки обвинител Серж Брамерц и неколку европарламентарци. Најавено е и учеството на официјални лица од земјите од Западен Балкан, меѓу кои и на шефот на македонската дипломатија Никола Попоски.
XS
SM
MD
LG