Достапни линкови

Генерален штрајк во Велика Британија


Вработените во јавниот сектор во Велика Британија денеска одржуваат генерален штрајк поради плановите на владата за реформи во пензискиот систем. Синдикатот најави дека повеќе од два милиона работници ќе учествуваат во 24-часовниот штрајк, најмасовен во последните 30 години. Синдикалните лидери го организираат штрајкот бидејќи, како што велат, работниците ќе мора да плаќаат повеќе за своите пензии и да работат подолго пред да се пензионираат.
Владата, пак, смета дека реформите се неопходни затоа што луѓето живеат подолго и буџетот не може да го издржи сегашниот пензиски систем. Премиерот Дејвид Камерон го осуди денешниот штрајк, нарекувајќи го неодговорен, и го повика синдикатот да ги продолжи преговорите.
XS
SM
MD
LG