Достапни линкови

Четири години затвор за лекарот на Мајкл Џексон


Лекарот на Мајкл Џексон, Конрад Мареј, е осуден на максимална казна од 4 години затвор за убиство на поп ѕвездата од небрежност во 2009 година. Џексон не почина поради еден изолиран настан или инцидент, туку поради сплет од околности кои може директно да му се припишат на доктор Мареј, рече судијата Мајкл Пастор во судот во Лос Анџелес, истакнувајќи оти осудениот воопшто не се кае.
Судијата соопшти дека во јануари судот ќе донесе одлука за висината на износот што треба да го плати Мареј како отштета на децата на Џексон, поради изгубените приходи што можел да ги оствари од концертите кои биле планирани пред да почине. Обвинителите бараат Мареј да плати 100 милиони долари отштета.
XS
SM
MD
LG