Достапни линкови

logo-print

Тадиќ ги повика косовските Срби да ги тргнат блокадите


Вчерашните судири меѓу косовските Срби и припадниците на КФОР.

Вчерашните судири меѓу косовските Срби и припадниците на КФОР.

Српскиот претседател Борис Тадиќ денеска ги повика Србите од северно Косово да ги отстранат блокадите на патиштата. Тој вели дека барикадите „не им помагаат на српските интереси, туку напротив, ги загрозуваат српските интереси“.

Тадиќ ги повика претставниците на КФОР да не преземаат акции за отстранување на барикадите, а политичките претставници на косовските Срби да направат се што е во нивна можност за да се тргнат блокадите на патиштата.

Барикадите во северно Косово провоцираат дополнителни дејствија на КФОР и водат до „маѓепсан круг“ од кој нема излез и од кој само екстремистите имаат корист, рече Тадиќ.

Тој уште еднаш истакна дека дијалогот е единствената шанса да се решат проблемите во Косово и сите треба да помогнат тој да се развива без пречки.

Десетици Срби и 25 војници на КФОР беа повредени во вчерашните судири до кои дојде кога припадниците на КФОР се обидоа да ги отстранат блокадите.
XS
SM
MD
LG