Достапни линкови

Партиите со осуда за палењето на македонското знаме


Непознати сторители синоќа го запалиле македонското знаме.

Непознати сторители синоќа го запалиле македонското знаме.

Политичките партии денеска го осудија чинот на палење на македонското знаме што беше прикажано на видео снимка закачена на youtube. Палењето на знамето наводно се случило синоќа на плоштадот Скендер бег во Скопје.

За ВМРО-ДПМНЕ тоа е вулгарна, неприфатлива и навредлива постапка која е за најостра осуда. Тие ги повикуваат институциите на системот да ги преземат сите неопходни мерки за расветлување на ваквиот вандалски чин.

Емилијан Станковиќ од СДСМ изјави дека партијата изразува загриженост што ваквите инциденти зачестија во последниот период и оти случајот асоцира на смислено сценарио за провоцирање меѓуетнички тензии. СДСМ смета дека е потребна брза реакција на институциите и повеќе од неопходно албанските политички партии јавно да се оградат и да ги осудат овие инциденти.

Ермира Мехмети Деваја од ДУИ изјави дека сака да верува оти овие инциденти се едноставно изолиран излив на одредена фрустрација. Тоа, според неа, е за осуда без разлика од која страна доаѓа и особено кои се мотивите.

Пратеникот Зијадин Сеља од ДПА, во изјава за медиумите побара одговор од владејачката ДУИ што е преземено во врска со палењето на албанското знаме во Струга неодамна и додаде дека ДПА го осудува палењето на знамињата.
XS
SM
MD
LG