Достапни линкови

Бреивик бил луд за време на нападот во Норвешка


Андерс Беринг Бреивик.

Андерс Беринг Бреивик.

Норвешкиот масовен убиец Андерс Беринг Бреивик бил луд за време на нападот во кој уби 77 луѓе, утврдија судските психијатри. Обвинителството соопшти дека доколку судот ги прифати наодите на психијатриските вештаци, Бреивик не може да биде осуден на затворска казна, туку ќе биде сместен во психијатриска институција.

Обвинетиот детонираше автомобил-бомба во Осло на 22 јули годинава при што загинаа осум луѓе, а потоа отиде во младински камп на островот Утоја каде што застрела 69 луѓе.
XS
SM
MD
LG