Достапни линкови

logo-print

Поништени изборите во Јужна Осетија


Кандидатката Ала Џиоева зборува на протестот за признавање на нејзината изборна победа во главниот град на Јужна Осетија Цхинвали.

Кандидатката Ала Џиоева зборува на протестот за признавање на нејзината изборна победа во главниот град на Јужна Осетија Цхинвали.

Врховниот суд во Јужна Осетија ги поништи резултатите од претседателските избори одржани во неделата. Претседавачот со Врховниот суд Атсамаз Биченов изјави дека судот утврдил дека имало нерегуларности и затоа ги прогласил изборите за неважечки.

Прелиминарните резултати што беа објавени вчера покажаа дека кандидатот Анатолиј Бибилов, кој ја има поддршката од Москва, изгуби од неговата противкандидатка Ала Џиоева.

Поддржувачите на Џиоева протестираа пред Државната изборна комисија со барање да се признаат резултатите.
XS
SM
MD
LG