Достапни линкови

Пакистан ќе ја бојкотира Меѓународната конференција за Авганистан


Анти-американски протести во Пешавар поради убиството на 24 пакистански војници.

Анти-американски протести во Пешавар поради убиството на 24 пакистански војници.

Пакистан ќе ја бојкотира Меѓународната конференција за иднината на Авганистан закажана за 5 декември во Бон, во Германија, во знак на протест против нападот на НАТО врз пакистански армиски пункт во кој загинаа 24 војници. Неименуван извор од пакистанската влада на новинските агенции им соопштил дека одлуката е донесена на денешната владина седница. Пакистанските власти по нападот ги затворија граничните премини кон Авганистан преку кои се снабдуваат силите на НАТО во земјата. НАТО изрази жалење и вети дека ќе го испита инцидентот.
XS
SM
MD
LG