Достапни линкови

logo-print

Пад на индустриското производство


Кризата во Европа предизвика пад на индустриското производство. Во октомври е забележано намалување од 3,8%.

Падот на индустриското производство во октомври од 3.8 проценти во споредба со лани може да се препише на кризата во соседството и Еврозоната, додека на долг рок се бележи бавен пропаст на производството, сметаат упатените.
Главно е влијанието на кризата која е зафаќа Европа полека, цените на металите и побарувачката на металите опаѓа така што вие знаете дека во нашето индустриско производство голем дел влијание имаат металите и мислам дека тоа е главната причина.

Моменталниот пад на индустриското производство може да се препише на кризата во Европа, смета Мирче Чекреџи од Сојузот на стопански комори.

„Главно е влијанието на кризата која е зафаќа Европа полека, цените на металите и побарувачката на металите опаѓа така што вие знаете дека во нашето индустриско производство голем дел влијание имаат металите и мислам дека тоа е главната причина.“

Освен во преработувачката индустрија, падови се забележуваат и во кожарската индустрија како и секторот енергија. Намаленото индустриско производство во oктомври е дел од надолниот тренд на овој економски индикатор кој започна од јули годинава. Доколку работите се гледаат на подолг рок може да се констатира тренд на постојано опаѓање на индустриското производство, смета професортот и поранешен министер за финансии Никола Поповски:

Треба значи индустриското производство од големите капацитети полека да прејде на малите и средни претрпријатија.
„Ако ги видиме податоците во последните три години ние ќе видиме дека Македонија постојано тоне, во 2009 година имавме негативен раст на индустриското производство, во 2010 година имавме минус пет, а оваа година имаме некаде околу пет до овој момент, што значи дека сега ние не сме се вратиле ниту на нивото од 2010 година, а веќе во октомври имаме пад од 3-4% што ќе го спушти нивото на индустриското производство оваа година некаде на 3-4% раст.“

Ако се соберат податоци од изминативе две – три години испаѓа дека индустриското производство две години брзо опаѓа, а во последната година малку расте, вели Поповски:

„Значи ние едноставно пропаѓаме и ако имаме во предвид дека имаме малку странски инвестиции кои го поткрепија, Џонсон контролс и Џонсон Мети, исклучете ги тие две ќе видите дека индустриското производство без нив две е целосно во надолна линија и мислам дека тоа е резултат на владината неекономска политика.“

Се поставува прашањето како треба стопанството да реагира, во услови на пад на производството но и во пресрет на кризата во еврозоната? Чекреџи од ССК смета дека на долг рок потребно е продолжување на структурната реформа

„Треба значи индустриското производство од големите капацитети полека да прејде на малите и средни претрпријатија.”

Инаку, според статистика, годинава почна со пад на производството во јануари, додека врвот е достигнат во јули.
XS
SM
MD
LG