Достапни линкови

Гнев во Кина по донирањето автобуси во Македонија


Кинескиот премиер Вен Џиабао.

Кинескиот премиер Вен Џиабао.

Кинескиот премиер Вен Џиабао се заложи дека ќе ја зголеми безбедноста и ќе обезбеди повеќе школски автобуси откако загинувањето на 19 деца од предучилишна возраст во преполн автобус предизвика големи протести на јавноста.

Ситуацијата со оваа несреќа, како што јавуваат агенциите, посебно се усложнила откако беше објавено дека Пекинг на Македонија и донира 23 училишни автобуси.

По церемонијата во Скопје, македонската влада соопшти дека секој автобус има 35 седишта, ги исполнува сите безбедносни стандарди и оти ќе бидат искористени во селските средини. Тоа предизвика бран критики до владата, особено на социјалните интеренет мрежи.
Новите училишни автобуси, донација од Кина.

Новите училишни автобуси, донација од Кина.


„Во изминативе денови серија големи несреќи во кои беа инволвирани училишни автобуси предизвика огорчена омраза меѓу луѓето. Несреќите и мене ме вознемирија“, напишал премиерот Вен на владината веб-страница, додавајќи дека безбедноста на училишните автобуси мора да биде во фокусот на секоја регионална влада.

На почетокот на месецов, во провинцијата Гансу, автобус со десет места за седења во кој имало 64 патници се судрил со камион, несреќа која следела откако претходно во северна Кина девет деца загинале во школски автобус.
Посракастичните велат дека Министерството за надворешни работи ги донира автобусите за Македонија со цел да ги натера локалните власти во Кина да им дадат на училиштата попристојни автобуси.

Честопати учениците во Кина се возат во преполни автобуси што, поврзано со објавата за македонската донација, предизвика вистински бран негодување кај Кинезите, особено на социјалните мрежи, каде што само вчера беа забележани над 500 илјади коментари.

Скоро сите се прашуваат зошто Пекинг донира училишни автобуси на други земји додека кинеските ученици немаат со што да се возат.

„Честитки до нашата голема мајка и секако до нашата Комунистичка партија“, пишува на еден од блоговите, во кој се додава дека само голема мајка може да дејствува толку великодушно, односно да ги остави своите деца да гладуваат и мрзнат, но не и децата на другите.

Има и такви кои сугерираат дека донацијата е предавство на кинескиот народ. Посракастичните, пак, велат дека Министерството за надворешни работи ги донира автобусите во Македонија со цел да ги натера локалните власти во Кина да им дадат на училиштата пристојни автобуси.

Портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи Хонг Леи одбива да ги коментира ваквите забелешки, но вели дека автобусите за Македонија биле предвидени со договорот од 2010 година.

Тој исто така потенцира дека и Кина има добивано голема странска помош, вклучувајќи и од Македонија за време на земјотресот во Сичуан во 2008 година.

Во меѓувреме, Минстерството од својата веб-страница го трга соопштнието за донацијата за Македонија.

Кинескиот државен весник Глобал Тајмс коментира дека реториката на јавната критика во изминативе години станува се посилна, а некогаш и агресивна.

„Како и да е, неопходно е владата да научи да живее со тоа. Мали нарушувања од јавноста не се лоши за владата за да владее поквалитетно“, се наведува во коментарот на Глобал Тајмс.
  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG