Достапни линкови

logo-print

Груевски на бизнис форум во Сингапур


Владината делегација предводена од премиерот Никола Груевски денеска во Сингапур учествуваше на форум на кој пред претставници од околу 50 сингапурски компании од различни области беа презентирани инвестициските можности и поволности што ги нуди Македонија. На форумот свои презентации имаа и вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески, министерот за привлекување странски инвестиции Бил Павлески, директорот на Агенцијата за странски инвестиции и поттикнување на извозот Висар Фида и директорот на Дирекцијата за технолошки индустриски развојни зони Виктор Мизо. Попладнето владината делегација заминува за Токио.
XS
SM
MD
LG