Достапни линкови

Втор ден од изборите во Египет


Египќаните стојат во редови пред гласачките места на вториот ден од првите избори по повеќегодишното владеење на Хосни Мубарак кој беше симнат од власта во февруари годинава. Станува збор за сложени парламентарни избори кои, според предвиденото, би требало да завршат во март идната година. Се очекува на изборите да победи исламистичката група Муслиманско братство. Вчерашниот почеток на изборите мина мирно. Претходно во Каиро загинаа над 40 луѓе за време на судирите меѓу безбедносните сили и демонстрантите кои бараа побрзо заминување Воениот совет кој раководи со земјата по соборувањето на Мубарак.
XS
SM
MD
LG