Достапни линкови

САД и Германија за акција на СБ на ОН против Сирија


Соединетите држави и Германија ги предводат обновените западни барања до Советот за безбедност на Обединетите нации да преземе акција како одговор на злосторствата извршени од режимот во Сирија против антивладините демонстранти. Претходните потези за воведување санкции против Сирија беа спречени од Русија и Кина. Комисијата за човекови права на Обединетите нации вчера соопшти дека сиријските војници извршиле злосторства против човештвото, вклучувајќи убиства, тортура и силувања по наредби добиени од највисоки нивоа на режимот на претседателот Башар ал Асад.
XS
SM
MD
LG