Достапни линкови

Состанок на министрите за финансии на еврозоната


Министрите за финансии од 17 земји што го користат еврото на денешниот состанок во Брисел ќе разговараат за иднината на нивната заедничка валута. Вчера во Вашингтон делегација на Европската унија предводена од претседателот на Унијата Херман ван Ромпуј и од претседателот на Европската комисија Жозе Мануел Баросо се состанаа со претседателот Барак Обама кој од нив побара побрза и порешителна акција за спасување на еврото и за спречување на потенцијалниот финансиски хаос во Соединетите држави и во светот.
XS
SM
MD
LG